Љубов кон сопругата „левел милион“ (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Витаутас Кирклиаускас и неговата сопруга Неринга од Литванија се шампиони втора година по ред на официјалното Светско првенство во носење сопруги кое оваа година се одржа во Финска.

Финскиот град Сонкајарва беше домаќин на несекојдневниот и по малку бизарен натпревар во кој мажите се тркаат на тешка патека со препреки , вода и дрвја , а цело време ги носат сопругите на грб. Натпреваерувачите имаа задача за што пократко време да ја поминат патеката долга 253,5 метри .

Литванецот Кирклиаускас со сопругата ја минаа оваа патека за 1,067 минута. Второто место го зазеде поранешниот шесткратен светски првак , Финецот Таисто Миатитен и неговата сопруга Катја Кованен.

„Мојата жена е најдобра“, изјави Литванецот по трката. Наградата е во пиво и тоа добива онолку пиво колку што е тешка сопругата.

На натпреварот се пријавуваат победниците од националните шампионати од десетина земји од светот , како и оние кои сакаат да си ја испробаат силата.

Единсвен услов е да се во брак , да немаат помалку од 17 години и сопругата да не тежи помалку од 49 килограми.