Убедлива изборна победа на Мицотакис – денес го добива мандатот и дава заклетва


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Конзервативната грчка опозиција на чело со Киријакос Мицотакис се сели во владејачка позиција во Владата од соседна Грција. Неа Демократија убедливо ги доби последните парламентарни избори кои се одржаа вчера, а досегашната владејачка партија Сириза доживеа поразителни бројки на истите.

Според првичните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори во Грција, Нова демократија е победник со околу 8,5 отсто разлика во однос на СИРИЗА и доволен број пратеници за да формира еднопартиска влада. За Нова демократија гласале 39,62 отсто од гласачите со што ќе има 158 пратенички места во парламентот кој брои 300 места. За СИРИЗА гласале 31,61 отсто, или 86 пратенички места. Движењето за промени на Фофи Генимата ќе има 22 места, Комунистичката партија 15, Грчко решение 10, МЕРА 25 девет, додека ултра десничарската Златна зора не освои ниту едно место во парламентот бидејќи имаше 2, 99 отсто гласови со што не е исполнет цензусот од 3 насто. Со тоа 6 партии влегуваат во грчкиот парламент.

Лидерот на Нова демократија Кирјакис Мицотакис денес ќе даде заклетва како нов премиер на Грција.

Лидерот на СИРИЗА и премиер во заминување Алексис Ципрас најпрво телефонски му ја честитал победата на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, а вечерва одржа и прес конференција. Граѓаните го направија својот избор и нивната одлука ја почитувам, изјави Ципрас.

„”Го контактирав Мицотакис за да му го честитам. Нема да го повторам она што го направи мојот претходник, утре ќе му ја предадам должноста на Мицотакис. Сакам да им се заблагодарам на сите членови и пријатели на партијата кои дадоа придонес во оваа исклучително тешка борба. Посакувам и се надевам дека враќањето на Нова Демократија нема да биде причина за одмазда. СИРИЗА ќе биде тука за да се бори и да го спречи тоа. Со крената глава го прифаќаме резултатот“. изјави Алексис Ципрас – премиер во заминување.

Лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, пак во победничкиот говор вети дека ќе работи напорно и ќе ги застапува сите Грци.

„Ние сме премалку за да останеме поделени. Граќаните дадоа јасна порака во корист на напредокот, создавањето работни места и безбедноста. Транспарентноста ќе се врати во Грција, а гласот на нашата земја во Европа ќе биде зајакнат”. изјави Кирјакос Мицотакис – лидер на Нова демократија и иден премиер.