ЛШ: Баерн против Реал, Барса на Јувентус!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Попладнево во Нион беше извршен жребот за четвртфиналето во Лигата на шампионите и донесе неколку одлични дуели.

Жребот сакаше во четвртфиналето меѓусебно да ги одмерат силите четирите најголеми фаворити, па ќе гледаме две големи дербија: Баерн Минхен – Реал Мадрид и Јувентус – Барселона.

Парови:
Атлетико Мадрид – Лестер
Борусија Дортмунд – Монако
Баерн Минхен – Реал Мадрид
Јувентус – Барселона

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 11 и 12 април, а реваншите се седум дена покасно на 18 и 19 април.

Финалето ќе се одигра на 3-ти јуни во Кардиф!