Lotus тајно развива електричен автомобил со моќност од 1.000 коњски сили


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Британскиот производител на спортски автомобили со кинески газда, фамозниот бренд Lotus, тајно развива електричен хипер автомобил со моторна моќност од 1.000 коњски сили.

Проектот под кодно име „Omega” e во развојна фаза, а Lotus во 2019 година планира да го промовира новиот концепт. Електричниот автомобил, кој следната деценија би се нашол во продажба, ќе има погон на сите четири тркала со неколку електромотори.

Се шпекулира дека Lotus Omega би има моторна моќност од 1.000 коњски сили со совладана далечина од 400 километри меѓу две полнења. И цената на новиот Lotus е претпоставка и би требало да се движи околу 2,5 милиони долари.