Lotus продолжува да „гази“ – пристигнува новиот Evora GT


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако обожавателите на бесните спортски супер-автомобили и светот на автомобилската индустрија уште се импресионирани од првиот електричен хиперавтомобил на Lotus, Британците продолжуваат да „газат“ претставувајќи нов модел од оваа серија.

„Lotus Evora GT“ кој претставува замена за постоечките „Evora 400“ и „Evora Sport 410“.

Новиот автомобил под хаубата има 3.5 литарски V6 мотор кој со помош на механчкиот компресор може да произведе сила од 416 коњски сили.

Овој моќен автомобил исто така е направен да биде и многу лесен, тој тежи вкупно 1408 кг. Од 0 до 100 км/ч може да забрза за само 3.8 секунди а максимална брзина која може да ја достигне е 303 км/ч.

Силата на задната осовина се пренесува преку стандардниот 6- степен мануелен менувач, но пости опција и за автоматски.

„Lotus Evora GT“ доаѓа во комбинација со две или четири седишта (2+2), а и во двете изведни ентериерот е обложен со црна кожа.

Мултимедијалниот сегмент од ентериерот е со најсовремените технологии и има 7 инчен дисплеј кој е осетлив на допир и преку него можете да имате пристап до сите опции.