Лоши работни навики од кои ИТНО треба да се ослободите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некои работи за кои мислите дека и не се така лоши, работат против вас. Затоа размислете за следните навики и обидете се да ги донесете во ред поради своето добро.

Иако жените се докажано подобро мултитаскери од момците, понекогаш обавувањето на премногу задачи оддеднаш можат да бидат премногу. Може да се случи да заборавиме нешто важно или едноставно работата да не ја завршиме доволно добро. Сепак решавањето на работите поединечно е подобра опција.

Проверувате пораки на секои неколку минути

Опуштете се и немојте секоја минута загрижено да ја отворате електронската пошта. Тоа ќе ви го оттргне фокусот од работата која во тој момент ја завршувате и ќе се изгубите во информациите.

Ја минувате паузата на социјалните мрежи

Ако мислите дека социјалните мрежи ве одмораат и опуштаат – грешите. По проверувањето на бројни страници и профили, ќе се чувствувате заморно и ќе ви падне нивото на концентрација. Искористете ја паузата за одмор на очите и протегнете ги нозете на сончева светлина.

Вашето биро е неуредно

Големиот број на листови и расфрлано биро само ќе ви ја поремети концентрацијата. Ќе се чувствувате многу подобро и поорганизирано ако го средите на неколку часа, за на него да имате се што ви е потребно за работа во тој момент.

Јадете нездраво

Веќе и птиците на гранките знаат колку шеќер и јагленохидратите допринесуваат за замор и нервоза. Заменете го чоколадото со јаткасти плодови, а за ручек изедете што е можно повеќе зеленчук и протеини.

Не се занимавате со никаква физичка активност

Можеби мислите дека сте преуморни за вежбање, меѓутоа тоа ќе ве разбуди, ќе имате повеќе енергија, а ќе го засилите и психичкото здравје.