Алија Ганем, мајката на озлогласениот Осама бин Ладен, си ја отвори душата за својот син


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алија Ганем, мајката на еден од најозлогласените ликови во западниот свет во поновата историја, Осама бин Ладен, живее во раскошен дом во Џедах во Саудиска Арабија, каде дел од животот помина и убиениот лидер на Ал Каеда, заедно со другите двајца синови и сопругот.

„Беше многу добро дете и многу ме сакаше. Тешко ми е бидејќи често бевме одделени еден од друг. Мојот прв син и во детството беше многу срамежлив. Дури кога почна да студира економија, тој малку се опушти, бидејќи колегите и опкружувањето во кое престојуваше го променија“, рече таа за „The Guardian“.

„Беше дете какво што само можете да посакате. Се додека во своите дваесетти години не запозна некои чудни луѓе, со кои почна да поминува доста време. Му зборував да се држи далеку од нив, но тој не ме слушаше“, додаде таа.

Во раните осумдесетти години, Осама отпатува во Авганистан, за да се бори против Русите. Неговиот брат Хасан, вели дека тогаш сите во семејството биле горди на него. Како прирпадник на муџахедините, тој беше славен како херој во Авганистан и Саудиска Арабија.

Кога во август 1990 година, американските трупи од Саудиска Арабија влегоа во Кувајт, Осама почнува да ја шири Ал Каеда и почнува да се поврзува со останатите терористички групи.

„Не ни можев да претпоставам дека тој ќе стане терорист. Целото семејство беше многу вознемирено. Не сакав тоа да се случи. Ниту денеска не ми е јасно зошто реши да го отфрли својот стар живот. После нападот во Њујорк, сите бевме во шок. Знаевме дека е негово дело и со какви последици ќе мораме да се соочиме“, изјави мајката, која Бин Ладен последен пат го виде во 1999 година, 2 години пред нејзиниот син да го изврши едниот од најлошите терористички напади во поновата американска историја.

Бин Ладен, потоа е убиен од страна на припадници на елитната американска поморска единица (SEAL), во 2011 година во Пакистан.