Лопатеги објасни зошто го изоставил Мората, се огласи и напаѓачот!

Селекторот на шпанската репрезентациј, Јулијан Лопатеги денес го објави конечниот список на патници на Мундијалот и ги „шокираше“ многумина.

Лопатеги изостави од тимот неколку звучни имиња, па логично беше „бомбардиран“ со прашања зошто не го повика напаѓачот Алваро Мората.

Напаѓачот на Челзи одигра одлични квалификации со „црвената фурија“ и во многу од натпреварите беше во стартниот тим.

„Решивме да ги одбереме фудбалерите кои ќе ни помогнат најмногу. Тешко, сепак над имињата е желбата на една држава. Неколку играчи заслужуваат да бидат со нас, Мората е меѓу нив“, изјави Лопатеги на пресконференцијата.

„Претпочитам да зборувам за тие кои ќе одат на Мундијалот. Мората го нема бидејќи има други на негово место. Немам ништо лично против него. Вистина е дека имаше потешкотии на крајот на сезоната“, додаде шпанскиот селектор.

Мората веднаш се огласи на социјалните мрежи и му посака среќа на неговите сонародници на Мундијалот.