По НЕВЕРСТВОТО: Ова се најлошите работи, кои можете да ги кажете…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Велат дека е најдобро на партнерот да му ја кажете вистината, ако веќе го изневерите. Изјавите од типот, „Не е до тебе, до мене е“, „Тоа беше само секс“, е најлошо што можете да го кажете во тој момент.

Мишел Вејнер – Дејвис, е искусен терапевт кој со години работи со паровите кои во некоја фаза имаат криза во своите односи.

Велат дека вистината некогаш е болна, но единствено е исправно решение.

„Неверството прави партнерот да се чувствува дека не е сакан, не е привлечен, неважен. Тоа е тежок состав на околности и чувства. И потоа кога признаете дека сте биле неверни, не е лесно за тоа да се разговара со партнерот. Факт е дека кога партнерот изневерува не мисли на својата половина, се раководи од нагоните и хормоните. Кога ќе кажете дека неверството ништо не ви значело, дека тој некој друг е полош, само создавате чувство на понижување на својот партнер пред некој безвреден. И тогаш тоа е нешто полошо“, објаснува таа.

Иако намерата на ваквото „оправдување“ да се каже дека тој чин немал значење ваквите изјави создаваат само уште полоша слика и предизвикуваат негативни чувства кај изневерениот партнер.

„Важно е да покажете разбирање и на партнерот да му дадете легитимно право да се лути. Покажете искрено дека ви е жал“, советува терапевтката.