Home Спорт БОМБА: Анчелоти во Наполи до крајот на неделата!?

БОМБА: Анчелоти во Наполи до крајот на неделата!?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти се очекува во наредние денови да пристигне во Италија и да стави потпис на договорот со Наполи.

Вчера актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари потврди дека не е сигурен дали следната сезона ќе ги предводи „наполитанците.

Веќе денес италијанските медиуми потврдија дека Анчелоти постигнал договор и во следните денови официјално ќе го преземе кормилото на италијанскиот клуб.

Официјално Анчелоти ќе биде претставен веднаш откако ќе биде раскинат договорот со Маурицио Сари. Искусниот Италијанец е без ангажман откако во септември доби отказ од Баерн Минхен.

Иако имаше понуди од италијанската репрезентација, Анчелоти во неколку наврати напомена дека сака да предводи клуб и тоа со амбициозен проект.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…