Лицемерие или вистина – таткото на Нејмар тврди: Го убедував да остане во Барса!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таткото на Нејмар изјави дека сакал да го убеди синот да ја одбие понудата на ПСЖ и да остане во Барселона, но се предомислил после ставот на челниците на клубот од „Камп Ноу“.

Нејмар сениор, како застапник и неговиот син се разочарале во Барселона бидејќи не ги добиле ветените 26 милиони евра за потпишувањето на договорот минатата година.

„Се обидов да го убедам синот да остане во Барселона, но после таквиот став на раководството се предомислив“, изјави Бразилецот.

„Тоа беше тежок избор. Јас како татко не можев да го натерам да остане кога веќе донел одлука. Во спротивно ќе ме плукне во лице и ќе ми рече: ’Ти мене не ме пушташ’. Нејмар игра фудбал, а јас раководам со неговата кариера“, додаде таткото на Нејмар.

Нејмар за рекорден трансфер се пресели во ПСЖ, а Барселона одбива на неговиот поранешен клуб Сантос да му исплати 5% од сумата. (ОВДЕ)