Home Шоубизнис Лили-Роус и Памела за „V Magazine“ – фото-сесија од милион долари

Лили-Роус и Памела за „V Magazine“ – фото-сесија од милион долари

19-годишната Лили-Роуз Деп, ќерка на славниот Џони Деп, во друштво на планетарно популарната Памела Андерсон позираа во жешка фото-сесија за „V Magazine“.

Актерката и модел со француски корени Лили-Роуз Деп ја сними својата прва фото-сесија на 15 години, и тоа за Chanel.

Брендот ѝ даде силен поттик на кариерата. Досега таа учествува во шест филмови, многу фотосесии и дури стана рекламно лице на легендарниот „Chanel №5 L”Eau“ во 2016.

Очигледно, ќерката на Џони Деп е исто толку провокативна и храбра како и самиот тој. Лили-Роуз позира за насловната на списанието гола, покривајќи ги градите.

Сепак, таа самата тврди: „Јас сум многу срамежлива, но актерската игра ми помага да излезам од мојата кожа и да бидам она што сакам“.

Памела Андерсон, која исто така зема учество во фото-сесијата со Лили-Роуз Деп, коментира: „Таа е свесна дека е уникатна и убава. Таа е невина, но е многу свесна“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Трамп го нарече Бил Мар „целосен губитник“ во објава од 1.323 зборови

Доналд Трамп објави критика од 1.323 зборови против политичкиот коментатор Бил Мар, напаѓа…