Лестер ќе го преименува стадионот во чест на загинатиот претседател


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Лестер сериозно ја разгледува идејата да го преименува стадионот „Кинг Пауер“ во името на трагично починатиот сопственик на клубот.

Според англсики извори, синот на Шриваданапраба, Ајават ќе се сретне со извршниот директор Сузан Велан за да разговараат за можноста за преименување на стадионот во чест на неговиот татко.

Предлогот на Ајават, кој во моментов е в.д, претседател стадионот да се преименува во „Кун Вичај“, а исто име да му се даде и на новиот тренинг центар кој треба да се гради и кој ќе чини 100 милиони евра.

Шриваданапраба го купи Лестер во 2010 година за 39 милиони фунти, а во 2016 година му ја донесе историската титула на клубот.