Лејди Гага со 150 години и 30 милиони долари „околу вратот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На неделното вечерно доделување на најпрестижните филмски награди на планетата, фамозните Оскари, пејачката и (веќе) актерка Лејди Гага особено го привлече вниманието врз себе меѓу сиот тој џет-сет со својот раскошен и луксузен ѓердан од 30 милиони долари.

На црвениот тепих пред доделувањето на Оскарите, светската музичка ѕвезда Лејди Гага која игра во филмот „Ѕвездата е родена“ за кој доби Оскар за оригинална песна се појави во долг црн елегантен фустан и ѓердан стар 150 години вреден неверојатни 30 милиони години.

Лејди Гага на себе имаше вистинско богатство, ѓердан со 128 каратен жолт дијамант, кој никој не го носел половина век. Таа со раскошен стил и елеганција, својски ги прикова погледите од присутните и пошироката јавност врз себе.