Мобилните телефони и проблемите во бракот!

Постои нов термин technoference кој доаѓа од англискиот јазик и го означува мешањето на технoлогијата во врските меѓу љубовните партнери како и импликации за женскиот добробит кој во светски рамки е нарушен поради технологијата. Дури 70% од жените изјавиле дека смарт телефоните се мешаат во нивните романтични врски.

Во македонскиот јазик се уште не постои соодветен термин, но проблемот е секако присутен. Повелете неколку совети за спречување на потенцијалните брачни проблеми предизвикани од технологиите …

1. Поставете некои основни правила.
Кога ќе се вратите дома од работа, ставете ги вашите телефони во фиока, плакарот или на врвот на фрижидерот. Најдете место доволно далеку од дофат за да морате да направите дополнителен чекор кога ќе сакате да дојдете до уредот. Направете компромис за слободна временска рамка на уредот (одреден период од време кога никој нема да го користи телефонот). Особено за родителите оние кратки и скапоцени часови од времето меѓу враќање од работа и спиење се совршени за гореневедената слободна временска рамка.

2.Идентификувајте ги слободните зони на уредот.
Една од последиците на поставувањето на нашите телефони во центарот на вниманието е дека речиси не постои место каде што уредите не одат со нас. Тие доаѓаат дома со нас, ги носиме во ресторани, работа, куќи на пријатели, во кино, во автомобил, јавен транспорт, во кујна, во бања,во спална соба, ја сфативте поентата, нели? Препорачуваме да се направи свесен обид да се создадат слободни зони на уредите (зона каде што ќе биде забрането користење на телефони, аналогно на зони каде што е забрането пушењето или паркирањето) е добар начин да се обезбеди време да се исклучите од надворешниот свет и да се фокусирате на вашиот партнер. Спалната соба е особено важно место за поставување на граници, лошите навики лесно можат да влијаат на вашата интимност.

3.Направете план за тоа што треба да направите кога вие (или вашиот партнер) ќе “се лизнете“.
Тоа веројатно ќе се случи.  Можеби имате важен е-маил што го чекате или гравитационата привлечност на Фејсбук е премногу силна за да се спротивставите, ќе ги прекршите правилата и ќе се лизнете. Согласете се на кој начин ќе се потсетувате меѓусебно, без тоа да биде навредливо. Тоа е добар начин за да се задржите меѓусебната хармонија.

4. Уредете го Вашиот мобилен телефон.
Само затоа што сте ја презеле апликацијата еднаш не значи дека не може да ја избришете или дека мора да ја користите. Размислете кои апликации на вашиот телефон се корисни и ослободете се од останатите. Размислете за бришење на Фејсбук, Инстаграм, Твитер или која било друга апликација која спаѓа во категоријата “најлошиот одвлекувач на внимание”.

Симона Златановска

Институт за семејни студии, Филозофски факултет