Home Шоубизнис Лејди Гага ќе ја глуми „црната вдовица“ од шефот на „Гучи“

Лејди Гага ќе ја глуми „црната вдовица“ од шефот на „Гучи“

После фантастичниот успех со улогата во филмот „A Star Is Born“, која ја вивна во ѕвездениот оскаровски свет на филмската уметност, славната пејачка Лејди Гага, како што пренесуваат американските медиуми, прифатила нова улога. Според овие тврдења, Гага ќе ја глуми сопругата на убиениот наследник на династијата „Гучи“, позната како „Црна вдовица“.

Гага ќе го толкува Патриција Реџџиани, која помина 18 години во италијански затвор поради нарачување на убиството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи во 1995 година во Милано.

Овој криминал сè уште се смета за еден од најкрвавите во историјата на високото италијанско општество. „Црната вдовица“ беше ослободена од затвор во 2016 година.

Според „Дедлајн“, филмот требаше да го режира и продуцира Ридли Скот, но информациите сè уште не се потврдени ниту од портпаролот на Гага, ниту од портпаролот на Скот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кирк Казинс откри како синовите го прифатиле неговото враќање во Минесота

Двата сина на Кирк Казинс и неговата сопруга Џули со нетрпение ја очекуваат преселбата во …