Славни

Легендата Сузан Сарандон: Мојата сексуална ориентација е „отворена“

Сузан Сарандон имаше секси филмска сцена со Катрин Денев во хоророт „The Hunger“ од 1983 година. Но што е со истополовата привлечност вон екранот?

„Јас сум отворена“, изјави Сарандон во интервју за PrideSource. „Претпоставувам дека може да се каже дека мојата сексуална ориентација е отворена за сите.“

70-годишната оскаровка не открива дали всушност имала афери со други жени. Таа беше 12 години во брак со актерот Крис Сарандон и 21 година во брак со актерот и режисер Тим Робинс. Сарандон има двајца синови со Робинс и ќерка – актерката Ева Амури – со италијанскиот филмски режисер Франко Амури.

„Видете, јас сум сериски моногамист, така што навистина немам голема љубовна кариера“, вели таа. „Се омажив за Крис Сарандон кога имав 20 години, и тоа траеше подолго време – сите мои врски се долги. Не сум била опсипувана со многу понуди од каков било вид. Сѐ уште е така! Не знам што се случува! (се смее) Но мислам дека во 1960-тите беше многу поотворено.“

Таа потврди дека била во врска со геј актер во 1980-тите години.

„Во одреден период имав многу успешна и многу нежна и прекрасна љубовна врска со човек кој после мене немаше друга жена, и сето тоа функционираше сосема добро. Мислам дека тогаш не мораше да се декларираш себеси толку ригидно како што тоа се прави сега во смисла на потребата да се декларирате себеси скоро политички во врска со вашите сексуални преференции.“

Станува збор за Филип Сејер кој исто така играше во „The Hunger“.

„Тој беше прекрасен актер“, вели Сарандон. „Почина, но да, тој беше геј и ние имавме одлична врска во секоја смисла“, додава актерката.

To Top