Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Еден од најдобрите македонски спортисти и член на ракометната репрезентација Кире Лазаров е загрижен за актуелните случувања во нашата татковина.
Најдобриот стрелец во светот растеретен од политички и било каков товар, искрено и јавно го искажа своето мислење за ситуацијата во земјава и и даде поддршка на „Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија“.
„Искрено,загрижен сум со случувањата последно време во нашата Македонија.Чуствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата Македонска јавност.Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска,национална и партиска припадност.Драги Македонци,за да бараме почит од други и да ја добиеме прво треба сами себе да се почитуваме-За МАКЕДОНИЈА се работи!!!Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет,да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија,да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа…Подршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.
ПС: Напишано од срце со чиста мисла и слободен ум МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.
[…] јавност со својот патриотски статус на Фејсбук (прочитајте овде), нашата ракометна легенда повторно се огласи на […]