Лазаров: Само да не проработи македонскиот менталитет!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија во првиот натпревар на Европското првенство ја победи фаворизираната Словенија, а вечерва ќе ги одмери силите со Црна Гора.

Капитенот на македонската репрезентација и еден од најдобрите светски ракометари пред почетокот на ЕП изјави дека Црна Гора може да биде „нагазна мина“, а сега уште еднаш напомена дека не смее да има опуштање.

„Мора да бидеме многу внимателни. Вечерва не очекува максимално сериозен испит. Свесни сме дека не смееме да допуштиме да проработи македонскиот менталитет, па после една добра партија да следи опуштање и пад на формата. Мораме да ја повториме добрата игра од дуелот со Словенија и да ги поправиме оние работи кои не беа добри“, порача Лазаров.

Натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора на програмата е вечерва од 20:30 часот.