Ламбе Алабаковски приведен за пожарот во бугарскиот културен центар во Битола – пејачот ја признал вината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повикувајќи се на извори од МВР, Фокус пренесуав дека пејачот Ламбе Алабаковски е уапсениот потпалувач на вратата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Според информациите со кои располагал Фокус, Алабаковски се повикал дека чинот го сторил поради „патриотизам“.

Министерот Спасовски претпладнево информираше дека е уапсено едно лице за тој чин, потенцирајќи дека секој што го прекршил законот, ќе одговара.

Алабаковски пред извесно време со своето семејство се врати од САД, каде живееше долги години.