Квентин Тарантино направи листа со омилени песни од неговите филмови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најуспешните и највлијателни филмски режисери на сите времиња, Квентин Тарантино, неодамна на Spotify направи „плејлиста“ со омилените песни од неговите филмови.

Постојат многу причини поради кои публиката толку многу ја цени филмографијата од Квентин Тарантино, а многу актери се спремни дури и без финансиски надомест и хонорар да бидат дел од актерската екипа во некој од неговите филмови.

Меѓутоа, како еден од најдоследните, најконстантни и најомилени аспекти од неговите филмови е музичкиот избор направен со беспрекорен вкус за музика. Било да станува збор за избор на архивски синглови преземени од прашливите стари записи или, во поново време, бујно оркестрирани оригинални композиции, Тарантино докажа дека е мајстор во користењето на музиката во рамки на филмската приказна.

Тој неодамна на Spotify создаде музичка листа од речиси четири часа негова омилена музика која е застапена во неговите филмски дела. На неа се наоѓаат синглови како верзијата на „Bang Bang“ од Ненси Синатра од бруталниот „Kill BIll Vol.1“, како и дополнителни 70 други песни.

Дури и да не го знаете филмскиот контекст на песните, Тарантино порачува дека со самото слушање ќе претпоставите од каков филм доаѓа секоја од нив.

Заедно со неговата музичка координаторка Марија Рамос, Тарантино работи на работеше на создавање на некои од највпечатливите музички моменти на филмот во последните неколку децении, вклучувајќи и рок песни со неочекувани танцови делници и гранџ хитови.

Покрај сингловите од неговите филмски ремек-дела, свое место на Spotify најдоа и сите песни од неговиот нов филм, „Once Upon A Time In Hollywood“.