Кутињо наговести каде ќе ја продолжи кариерата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Филипе Кутињо со одличните игри оваа сезона го привлече вниманието на многу европси гигнати кои се спремни да платат цело богатство за да го видат во своите редови.

Кутињо најчесто се поврзува со трансфер во Барселона, а Бразилецот додаде масло на огнот откако го испофали триото на Каталонците.

МСН триото е според мене најдоброто во светот. Едниот е брз, другиот вешст со топката, а третиот најдобар стрелец. Тројцата феноменално се надополнуваат еден со друг“, изјави Кутињо.

Медиумите овие негови зборови ги протолкуваа како најава за трансфер на „Камп Ноу“, па доколку навистина дојде до реализација на тој трансфер нема сомнеж дека Кутињо одлично би го надополнувал триото МСН.