Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Додека по белиов свет одамна е веќе нормално младенците да скокаат со падобрани, банџи јажиња и да прават други егзибиции додека се ветуваат на заеднички брачен живот, во Лесковац, соседна Србија, дојде до масовна тепачка меѓу сватовите бидејќи невестата одлучила покрај презимето од сопругот да си го задржи и своето.
Несреќниот инцидент меѓу сватовите се случил пред две недели, во познат градски ресторан, откако невестата на матичарот му соопштила дека го задржува своето презиме и на него го додава тоа од сопругот.
„Курво!“, се слушнало од салата после одлуката на невестата, а тој погрден збор го изговорил никој друг, туку нејзиниот иден свекор. После тоа, како што сведочат музичарите од забавата, на веселбата веќе ништо не било исто.
„Се испокараа и после тоа. Колку што беше непријатно, толку беше и смешно, бидејќи станува збор за угледни градски семејства. И двете фамилии се со ’педигре‘ на успешни лесковачки бизнисмени“, додаваат музичарите за локалните медиуми.
„Кога свекрвата, во екот на кавгата, тештата ја нарече глупава курва, оваа возврати: А зошто сум глупава?“, раскажуваат музичарите, а сведоштвото го потврдуваат и келнерите и некои од сватовите.
За жал, шегата не ги запрела нетрпеливоста и лошиот табиет меѓу сватовите, па неколку часа подоцна тоа кулминирало со масовна тепачка меѓу гостите, со што веселбата на двајцата млади и заљубени заврши со насилен крај.
За да биде уште посмешно и побизарно, српскиот новинар кој ја пишувал оваа сторија пред објавувањето на истата трпел притисок од членовите на семејствата на младенците, сватовите, но и од лични пријатели со изговор, ќе го цитираме, дека „за сето тоа е дегутантно да се пишува бидејќи е на работ на невкусот и здравиот разум“. Тие кои го направиле тоа, се жалаат дека тоа што го направиле е на работ на невкусот.