Куртоа: Ако сакаш да бидеш голман на Реал, мора да го прифатиш притисокот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека не се плаши од критиките што ги добил последните недели.

Белгиецот е дефинитивно надвор од форма, прима многу голови и се зборува дека би можел да ја загуби местото во стартниот тим.

„Ако сакате да бидете голман на Реал Мадрид, мора да можете да се справите со притисокот и да го прифатите, изјави Куртоа.

Засега се чини има голема веројатност Куртоа да го пропушти мечот против Гранада во текот на викендот, а исто така ќе подлежи и на специјална диета за чистење на неговото тело.

Пред натпреварот против Бриж тој добил труење од храна и акутен гастроентеритис, а откако бил заменет на одмор изгубил 3 килограми во тежина за само неколку часа.