Меси го коментираше односот со Гризман


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите во последно време силно шпекулираат за конфликт помеѓу Меси и најскапото летно засилување на Барселона, Антоан Гризман.

Поради тоа Меси излезе со свој коментар за ситуацијата и потврди дека нема никаков проблем помеѓу него и Гризман.

Според статистичките податоци од натпреварот во Лигата на шампионите, Меси и Гризман немаат скоро никаков контакт на теренот. За цели 90 минути од натпреварот, тие разменија вкупно 5 додавања – 2 од Гризман кон Меси и 3 во спротивна насока.

„Јас немам проблем со Гризман, како и со сите други играчи. Се е во ред помеѓу раководството и играчите. Со оглед на победите над Интер и Гетафе, ние мора да го потврдиме успехот со тоа што ќе ја победиме Севиља, па спокојни да заминеме на репрезентативна пауза“, изјави Меси.

Пред само една недела и Гризман го прокоментира односот со Меси и изјави дека тешко е да се комуницира со Аргентинецот.