Крвавиот инцидент на Косово Вучиќ ги спореди со случајот Диво Насеље


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алксандар Вучиќ, претседателот на Србија во интервју за РТС зборуваше за нападот на терористичката група врз македонските специјалци во кумановската населба Диво Насеље. Тој вели дека албанските власти се лицемерни и држат предавања за европски вредности, а албански терористи нападнале во Куманово и убиле осум македонски полицајци, пренесува Новости.рс.

„Ќе ви покажам како изгледа лицемерието кога некој ви предава за европските вредности, иако ние се држиме до нив. Да ве потсетам што се случи пред осум години во Куманово, кога албански терористи, вистински терористи ја нападнаа меѓународно признатата суверена држава Македонија, земја која е членка на ОН и тоа е многу важен детаљ. Осум македонски полицајци беа убиени. Што се случи? Во тоа време, ниту Рама, ниту некој од ЕУ не држеше предавања“, рече Вучиќ, покажувајќи слики од „државниот погреб во Приштина“ во 2015 година, во униформите на ОВК.

Вучиќ додава дека била направена комеморација за сите Албанци убиени во Куманово. Цела сала, сите беа организирани. И никому ништо. И тоа не е крај. Тој покажа слика од споменикот на Бег Ризај.

„Ова е Бег Ризај, еден од убиените терористи, а ова е споменик поставен на него во Дечани. Околу споменикот пали свеќи Рамуш Харадинај. Толку за нивните принципи, иднината на Европа и сè друго“, изјави Вучиќ.