Критиката удри по Fifty Shades Darker


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Романите и филмовите од трилогијата Fifty Shades освоија милионска армија публика и обожаватели, но повеќето критичари не ги делат истите импресии со нив.

New York Times пишува дека Fifty Shades Darker е само половично гледлив филм, исто како и неговиот претходник. Новинарот од Independent, пак, Џефри МкНаб вели дека му било мачно да го гледа продолжението не поради готската еротика, туку поради неговата крајна ублаженост.

„Доколку сакате да гледате филм за милијардер кој има мрачна страна и носи маски, многу е подобро да го гледате Бетмен“, пишува новинарот од Daily Mirror, Крис Ханејсет, кој продолжението од трилогијата го опишува како „пеглативен“ (досаден), благ и без карактер.

Холивудската Библија Variety вели дека, без оглед на структуралните и психолошки недостатоци, тешко е да не се ужива во овој филм. „Сигурно е дека филмот е досаден“, напиша Пит Хемонд, колумнист во Deadline, кој на филмот му даде позитивна оценка.

„Постои еден значаен проблем со филмовите од трилогијата Fifty Shades кој е невозможно да го игнорирате: Џејми Дорнан е неуспех. Но, сè е тоа фантазија, така што нема штета. А ако милиони девојки или момци одат да го гледаат филмот и да се насмејат, тогаш светот ќе биде посреќно место“, вели филмската критичарка Стефани Захарек.

The Guardian, Telegraph и The New Yorker уште го немаат детално анализирано ова филмско остварување. Но, да бидеме реални, сигурно е дека и Fifty Shades Darker, како и првиот филм од франшизата, ќе постигне голем успех.

1 COMMENT

Comments are closed.