Кралевите и Тотенхем надмоќни на гости, Ливерпул потфрли – сите голови од синоќешните дуели во Лига на шампиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на второто коло од Лигата на шампионите, вечерва беа одиграно осум дуели.

Тотенхем славеше на гости кај Апоел со 3:0, а стрелци сите погодоци беше фантастичниот Кејн, кој постигна хет трик со голови во 39., 62. и 67. минута од мечот.

https://www.youtube.com/watch?v=mmOLphaEvWs

Бешикташ без проблеми го совлада германскиот прволигаш Лајпциг со 2:0, Првиот погодок го постигна Бабел во 11. минута, а конечниот резултат го постави Талиска во 43. минута.

Борусија Дортмунд не успеа да му се спртивстави на Реал Мадрид. Во 18. минута Бејл постигна погодок кој беше вистинско ремек дело. На 2:0 предноста ја зголеми Роналдо во 50. минута, а по 4 минути, Обамејанг успеа да ја намали негативата за „Милионерите“. Сепак, Роналдо го постави конечниот резултат од 1:3 во 79. минута.

Манчестер Сити со 2:0 славеше над Шахтјор, а де Брујн беше прецизен за „Граѓаните“ во 48. минута. За потсетување на овој меч, Агуеро промаши пенал кој ќе ја зголемеше предноста за англискиот состав. Вториот погодок за Сити го постигна Стерлинг во 90. минута.

Порто на гости кај Монако оствари победа од 3:0,а стрелец на погодоците беше Абудбакар во 31. минута и во 69. минута. Третиот погодок беше дело на Лајун во 89. минута.

Наполи со 3:1 остварри триумф на домашен терен против Фејнорд. Инсиње во 7. минута го отвори резултатот, а во вториот дел во листата на стрелци се запишаа и Мертенс и Калејон. Почесниот погодок за Фејнорд го постигна Амрабрат во 93. минута.


Eкипата на Јирген Клоп, продолжува со лошите изданија и во Лигата на шампионите, овој пат тие одиграа само 1:1 против тимот на Спартак Москва. Фернандо со прекрасен погодок донесе предност за домаќините, додека Фелипе Кутињо погоди за изедначување.

Севиља благодарени на Бен Једер го совлада словенски Марибор со убедливи 3:0. Једер како Хејн оваа вечер запиша хет-трик.

Во последниот натпревар вечерва Бешикташ го совлада дебитантот Лајцпиг со 2:0.