„КРАЛ“ на преодниот рок: Направил лажен профил на „Википедија“ и си обебзедил трансфер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Она што му успеало на овој човек е навистина неверојатно.

Литванскиот клуб Пеневж од Литванија свечено го претставил за нив големото засилување 25 годшниот Баркли Мигел Панз. Французин со потекло од Ангола на веб страниците го претставиле како ѕвезда со искуство во Премиер лигата каде што во периодот од 2010 до 2012 година постигнал 45 погодоци на 36 натпревари за Квинс Парк Ренеџерс, пишува Спортски.мк.

После две брутални сезони голгетерот не завршил во Челси или Арсенал, туку во францускиот Саралта, а потоа во ниските лиги во Шведска.

Тоа не им било чудно на луѓето на литванскиот клуб кој очигледно статистиката за на Википедија ја сфатија „здраво за готово“.

Со оглед на тоа дека податоци на интеренет енциклопедијата може да внесува било кој корисник Французинот својот профил „малку“ го изменил.

Головите кои ги „постигнувал“ за Квинс Парк Ренеџерс во Пемиер лигата е невозможно да се пронајдат на „Youtube“, зошто и ги нема.

Откако Панз потпиша договор и се фотографираше исчезна и неговата импресивна биографија од Википедија.

bio