Крај на 24-годишната болна потрага по нивната загубена ќерка (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На 8 јануари 1994 година животот на Ванг Мингкинг и Лиу Денгинг вртоглаво се промени и се претвори во ужас. Додека продавале овошје на еден кинески пазар, со нив била и нивната тригодишна ќерка Кифенг.

Сеќавајќи се на тие траорни моменти, родителите раскажуваа дека пазарот бил полн и дека Ванг немал ситен кусур да му врати на муштеријата. Отишол до соседната тезга за да позајми пари, но кога се вратил останал во шок. Неговата ќерка не беше таму.

Тие се обидувале да ја довикаат, го обиколиле целиот пазар и ги прашувале луѓето дали некој ја видел. Никој не знаел каде отишла. Неколку години им поминаа барајќи ја, но сите обиди биле залудни. Ги проверуваа домовите со деца оставени од родителите, поставуваа огласи во весниците – но џабе.

Во 2015 година, Ванг стана такси возач и се сетил да стави налепници во автомобилот. Наместо слики од Кифенг, Ванг ставил слики од својата друга ќерка, која премногу личела на неа. Имал претчувство дека еден ден можеби ќе влезе во неговото такси.

Семејството немало среќа да ја најде Кифенг, сè до моментот кога еден професионалец не нацрта полициски цртеж со ликот на Кифенг според проценката и претпоставката како би изгледала таа денес. Жената со има Канг Јинг беше изненадена кога го виде цртежот, бидејќи знаеше дека нешто треба да се сподели со тоа семејство. Канг Јинг всушност беше нивната ќерка Кифенг.