Home Спорт Кошаркарот Пау Гасол е одличен и на пингпонгарската маса (снимка)

Кошаркарот Пау Гасол е одличен и на пингпонгарската маса (снимка)

Светската кошаркарска легенда, шпанскиот кошаркарски ас Пау Гасол одлично се „забавува“ во Олимпиското село во Токио.

41- годишниот Гасол, кој во Токио по петти пат учествува на Олимписките игри, на паузата меѓу два тренинга најде време да се проба и во друг спорт. По убедливиот триумф на неговата Шпанија против домашната Јапонија на игрите во Токио, славниот кошаркар одлучи да се забавува играјќи пинг-понг против сонародничката Галиа Дворак.

Високиот центар покажа дека одлично се снаоѓа и на пингпонгарската маса, но сепак немаше сила за победа против Дворак во нејзиниот спорт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …