Корупција и црн бизнис „левел Балкан“: Пред влез во Македонија, кај Врање можете да купите фалсификат негативен ПЦР тест за 50 евра


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Во јужниот дел од Србија, пред влез во Македонија, за 50-тина евра, може да се купат фалсификат негативни ПЦР тестови – ова го тврдат македонските превозници што се приморани при влез во Македонија да покажат ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа.

Тие апелираат за овој нелегален бизнис, предупредувајќи дека негативни ПЦР-тестови може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање.

Македонските граѓани што во татковината се враќаат преку аеродромот во Ниш на македонските безбедносни служби им пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест.

И превозниците што влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце пријавуваат дека за 65 евра таков негативен тест без проблем можат да купат по бензинските пумпи кај Врање.

Според протоколот, секој македонски граѓанин при влез во земјата треба да покаже негативен тест не постар од 72 часа, а ако нема, ќе биде испратен во 14-дневен државен карантин.

Веќе има и предлог до Владата да се овозможи тестирање, земање брисеви, на граничните премини, а акредитираните лаборатории потоа резултатите електронски да ги праќаат по премините.