Вака се чува љубовта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Момче сакало да добие совет од мајка си, за како да ја одржува љубовта. Начинот на кој таа му го објасни тоа е приказна пред чија поука треба сите да се замислат.

Мајка и момче шетаат на плажа.

Во еден момент момчето ја прашува:

„Мамо, како се чува љубовта?”

Мајката го погледна и одговори:

„Земи малку песок и стисни го во тупаницата.“

Момчето ја стегаше тупаницата и колку повеќе стискаше, толку повеќе излегуваше од неa песок.

„Но, мамо, песокот ми бега.”

„Знам, сега потполно отвори ја тупаницата.“

Момчето ја послуша, но во тој момент дувна ветер и го однесе целиот песок од дланката.

„Ни вака не успевам да го задржам песокот“.

Мајката му одговори со насмевка на лицето:

„Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката во форма на лажица, доволно затворена за да го заштитиш и доволно отворена за песокот да биде слободен“.

Момчето направи како што му беше кажано и песокот остана на дланката, доволно заштитен од ветрот и ослободен од лизгање низ прстите.

„Така се чува љубовта.“