Времето оваа среда ќе биде…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, среда, 24 јуни, во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 19 до 31 степен.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи 16 и 19, а максималната ќе достигне 26 Целзиусови степени. Маврово 19,Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 31.

Од утре до сабота повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на идната седмица.