Конте: Треба да ни биде срам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот шампион Челзи синоќа беше декласиран од Рома во Лигата на шампиони, а манеџерот Антонио Конте је презеде одговорноста за поразот.

„Јас сум тренер на тимот и моја е одговорноста за поразот. Фокусиран сум на Челзи и не ме интересира резултатот од другиот натпревар и тоа дека Атлетико Мадрид изгуби два бода со Карабах. Ќе анализирам каде треба да се подобриме, за да не ни се повтори тоа што се случи во првото полувреме“, изјави Конте кој додаде дека неговиот тим треба да се срами од резултатот.

„Кога ќе загубите 3-0, тогаш дефинитивно не сте играле добро. Ништо не беше добро, можам да кажам дека бевме и очајно лоши. Во првиот дел создадовме неколку шанси, но не ги реализиравме, а во второто бевме тотално надиграни. Рома покажа борбен карактер, како повеќе да ја посакуваше победата. Ние треба да се срамиме од ваквото издание“, заклучи Италијанецот.