Дронска посета на втората највисока планина на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Airvuz корисникот Scientik, Петр Јан Јурачка, го направи ова импресивно видео со дрон на втората по висина планина и врв на планетата земја, стравичниот, мистичен и тешко покорлив К2 на Каракорум, Пакистан.

Тој беше дел од американската интернационална качувачка експедиција на овој врв благодарение на чешката алпинистка Клара Колучова. Снимката е направена од базниот камп 1, на висина од 6.334 метри над морето. Наскоро следува и целосниот документарец од експерицијата.