Конте спремен да застане на кормилот од Манчестер Јунајтед ако клубот му врачи отказ на Солскјер


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанскиот стратег Антонио Конте е спремен да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед доколку клубот реши да му врачи отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер, пренесува „Гардијан“.

Извори блиски до клубот пренесуваат дека преговорите веќе започнале и дека Конте во преговорите ќе побара да има поголема контрола врз трансферите во клубот.

Тој има сомнеж во извршните структури во клубот и може да дојде до конфронтација со Ед Вудворд, кој ја одредува трансферната политика во клубот.

Солскјер е пред отказ после срамниот пораз од Ливерпул (0:5) и голема е веројатноста да биде отпуштен во наредните денови. Конте е фаворит за негов заменик, а на списокот е уште и Зинедин Зидан.