Конечно убав муабет: Селма Хајек тврди дека актерите треба да бидат…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холивудската ѕвезда со мексиканско потекло, славната Сaлма Хаек, која важи за една од најгласните и најагилни активистки против сексуалното вознемирување во филмската индустрија, излезе со изјава за која, како што вели, знае дека ќе ја мразат многу колеги, а во која тврди дека машките актери треба да бидат помалку платени.

„Актерите мораат да кажат – во ред е, времето истече, беше забавно, но време е да бидеме малку великодушни и кон актерките“, изјави Сaлма Хаек, еден ден откако бројни актерки преку протест на филмскиот фестивал во Кан дадоа поддршка во борбата за правата на жените.

„Сите мораме да бидеме дел од прилагодувањето. Тоа е една идеја. Знам дека ќе ме мразат после ова и се надевам дека ќе добијам некоја работа после целото ова“, изјави актерката.

Прашањето за еднаквост помеѓу актерките и актерите е една од главните теми на овогодинешниот филмски фестивал во Кан.