Home Актуелно Влатко Ѓорчев денес сведок во рочиштето за обидот за убиство на Зијадин Села

Влатко Ѓорчев денес сведок во рочиштето за обидот за убиство на Зијадин Села

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

По предлог на одбраната денеска пред Судот треба да сведочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…