Колинда навиваше и од Брисел – Трамп беше поддршка, Заев и Димитров ѝ честитаа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дека фудбалот најважна споредна работа (а веќе станува мејнстрим шема да биде и политичко-популистичко средство со кое политичарите ги освојуваат симпатиите кај своите гласачи) уште еднаш се докажа синоќа, а доказот доаѓа од Брисел.

Иако самитот на најмоќниот воен пакт НАТО таму е во ек, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ не ја пропушти можноста, макар и оддалеку, да ги бодри и да навива за „Коцкестите“ кои синоќа во продолженија ја исфрлија Англија од полуфиналето на Светското фудбалско првенство и се пласираа во финале каде ќе играат против Франција.

Дел од присутните на самитот заедно го гледаа натпреварот меѓу Хрватска и Англија на Светското првенство, а потоа и ја прославија победата на хрватската репрезентација.

„Честито Хрватска! Политиката, спортот, регионот и светот се среќаваат вечерва во Брисел“, напиша македонскиот премиер Заев под фотографијата со претседателката на Хрватска, Колинда, која не пропушти и овојпат да се облече во дресот на својата репрезентација.

Таа им подари исто таков дрес со нивното име на него, на американскиот претседател, Доналд Трамп и на британската премиерка, Тереза Меј.