Кој нема да ги почитува новите правила на WhatsApp ќе остане без профил


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новите правила кои ги воведе „WhatsApp“ во суштина ги присилуваат корисниците на тоа да споделуваат податоци со апликацијата „Facebook“. Доколку ова го одбиете, „WhatsApp“ едноставно ќе го избрише вашиот профил.

Овие правила се споменуваат во потсетникот во самата апликација, како и на страницата за правила за приватност.

Меѓу многуте правни термини во известувањето, се наоѓа и делот во кој пишува дека „WhatsApp“ ќе споделува податоци со другите апликации во рамки на компанијата „Facebook“.

Така, со прифаќање на договорот, на „Facebook“ му се овозможуваат голем број овластувања кои баш и не одат заедно со апликација за енкриптирана размена на пораки, каков што имиџ веќе долго се обидува да одржи „WhatsApp“.

Како што пишува во објаснувањето, причината за ова споделување на податоци е обид да се подобри работата и уште повеќе да се персонализираат и поврзат сите апликации во компанијата „Facebook“.

Во сите апликации постојат реклами па така корисниците ќе добиваат, подобри предлози и реклами според нивниот вкус.

Но проблемот е во тоа што навлегувањето во приватноста не застанува на тоа, пишува „tPortal“.

„Facebook“ пристап до податоците на корисниците ќе им дозволи и на надворешни компании, вклучувајќи и огласувачи кои ги користат нивните услуги.

Доколку вршите било каква интеракција со огласувачи или продавници, нивните сопственици ќе добијат увид во вашите податоци.

Истата работа важи и за функциите како гледање видео снимки во рамки на „WhatsApp“. Доколку кликнете на видеото, програмата за репродукција на изворот ќе може да му дозволи пристап до вашата „IP“ адреса.

А за работите да бидат уште полоши, „WhatsApp“ не дозволува опција за задржување на приватноста. Сите корисници ќе мора да ги прифатат новите правила до 8 февруари 2021 година, или едноставно ќе останат без својот налог.