Кога Ципрас му се јави на Заев: „Зоран, го знаеш регионот Преспа?“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грчката страна од политичкиот договор за решавање на спорот за името на Македонија, кој со децении го водат нашата земја и јужниот сосед, преку „пи-ар“ видео пробува да го прикаже пред своите граѓани договорот како „голема дипломатска победа и историска шанса“.

Под наслов „Договорот од Преспа е голема дипломатска победа и голема историска шанса“, во траење од нешто повеќе од 100 секунди, од кабинетот на грчкиот премиер откриваат како беше закажана средбата од двете страни на Преспанското езеро, јави дописничката на МИА од Атина.