Кога ќе умрете, ЗНАЕТЕ дека сте мртви – тврди досега најголемото истражување за смртта

Seeing the light

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едни велат дека виделе светло на крајот од тунелот, други дека лебделе над своето тело гледајќи како лекарите се борат за нивниот живот. За искуствата во ситуација на клиничка смрт и дененс се расправа и едно е сигурно – не постои универзален заеднички рецепт.

Но, научниците во досега најголемото истражување поврзано со оваа тема, открија дека човечката свест продолжува да функционира и откако телото ќе престане да дава знаци на живот. Постои доказ дека некој чул како лекарите го прогласуваат за мртов, тврдат научниците кои се дел од ова истражување. Оваа студија од њујоршкиот универзитет е најобемна од таков вид било кога направена досега.

„Луѓето опишуваа како ги гледале лекарите и медицинските сестри кои се борат за нивнот живот, биле свесни за содржината на сите разговори околу себе и за визуелните работи кои на никој друг начин не би можеле да ги знаат“, тврди авторот на студијата, Сем Парниа.

Сите тие информации научниците ги провериле кај сопменатиот медицински персонал и тие навистина ги потврдиле сите тврдења од пациентите кои во тие моменти технички биле мртви. Или во медицински дискурс, лекарите ја дефинираат смртта врз основа на престанок на раобтата на срцето, после што веднаш се намалува дотокот на крв во мозокот.

„Технички гледано, така добивате време на смртта – сè се базира на моментот кога срцето запира“, објаснува д-р Парниа. „Еднаш кога ќе се случи тоа, крвта веќе не циркулира во мозокот, што значи дека мозокот изумира моментално“.

Церебралниот кортекс во мозокот, кој е одговорен за размислувањето и обработката на информации од петте сетила, исто така веднаш запира, што значи дека на електронскиот монитор нема да бидат откриени мозочни бранови во период од две до 20 секунди.

Тоа предизвикува верижна реакција кај клеточните процеси кои ќе резултираат со смрт на клетките во мозокот. Меѓутоа, тоа може да потрае неколку часа после запирањето на работата на срцето. Дури и неуспешните реанимации во обидите за враќање на пациентите во живот може да резултираат со праќање на одредено количество крв во мозокот – околу 15 од количината која е потребна за нормално функционирање на мозокот, пренесува The Independent.