Клоп во Франција најде замена за Кутињо – кешира 70 милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат француските медиуми, ѕвездата на Лион Набил Фекир е многу блиску до трансфер на „Енфилд“.

Наводно Ливерпул и Лион веќе пронашле заеднички јазик околку трансферот кој ќе изнесува 70 милиони евра. Трансферот би требало да биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната.

Фекир беше на мета на Арсенал кој сакаше да го спои тандемот со Лаказет, но заминувањето на Венгер ги промени плановите, па „црвените“ ја добија битката за неговиот потпис.

Фекир оваа сезона е еден од најдобрите поединци во француската лига, а во тимот на Клоп би требало да биде замена за Филипе Кутињо.