Контровезната роденденска забава на Адел која ја разбранува јавноста


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската поп дива Адел пред три дена, на 5 мај, го прослави својот триесетти роденден со тематска забава посветена на фамозниот брод Титаник, во друштво на блиското семејство и пријателите.

Адел, облечена како Роуз, која во романтичната филмска драма за потонувањето на Титаник од ’90-те години ја глумеше Кејт Винслет, сподели неколку фотографии од забавата на својот Инстаграм профил.

A post shared by Adele (@adele) on

„Не сум сигурна што ќе правам наредните 30 години во животот, бидејќи досега бев неопишливо благословена. Фала на сите кои беа со мене изминативе 11 години“, напиша Адел, мислејќи на нејзината кариера која од 2007 година вртоглаво ја лансираше во ѕвездените сфери на музичката индустрија.

Пејачката им се заблагодари на сите кои ја организираа нејзината роденденска забава. Голем број славни личности упатија роденденски честитки до Адел на социјалните мрежи. Меѓу нив и Бијонсе, која покрај честитката, објави и фотографија од Адел од детството.

Иако Адел немаше лоша намера што инспирацијата за својата тематска роденденска забава ја најде во нејзиниот омилен филм, многу од нејзините фанови ја критикуваа со коментари дека не е вкусно да се прави забава од трагичен настан. Најмногу беа револтирани од фотографиите на кои Адел и гостите се забавуваат облечени во елеци за спасување од давење.