Home Спорт Клоп откри од кој клуб најмногу се плаши во Лигата на шампиони

Клоп откри од кој клуб најмногу се плаши во Лигата на шампиони

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри кој според него е фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона.

Германецот смета дека Јувентус е главен фаворит во најелитното натпреварување поради силниот тим, но и искуството на тренерот Алегри.

„Јувентус е фаворит за освојување на титулата во ЛШ. Тие се многу искусни. Оваа година ќе биде многу тешко за сите клубови кои ќе играат против нив. Јас лично сакав да ја избегнам и Борусија Дортмунд во осминафиналето“, изјави Клоп, кој за противник го доби Баерн Минхен.

„Баерн Минхен е огромен клуб и за нас ќе биде сериозен предизвик. Двата тима се познаваат добро и сигурно не очекуваат два возбудливи меча“, заклучи Германецот.

https://twitter.com/senego/status/1075072010923974657

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…