Клоп го откри планот за финалето: Никој не очекуваше да стигнеме до тука, но ние сме Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е спокоен пред утрешното финале во Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

На денешната пресконференција Германецот призна дека Реал Мадрид е во предност бидејќи има поголемо искуство, но потенцираше дека во ДНК-та на Ливерпул е да освојува големи трофеи.

„Никој не очекуваше дека Ливерпул може да стигне до финалето, но еве сме во Киев, и ќе играме против Реал Мадрид. Стигнавме до финалето бидејќи сме Ливерпул. Овој клуб има сопствена ДНК и секогаш ги напаѓа големите трофеи. Стигнавме до финалето со најмногу постигнати голови“, истакна Клоп.

„Тактиката во фудбалот е важна во такви моменти, да го принудиш подобриот противник да падне на твое ниво, а после да се справиш со него. Искуството е важно и тука Реал е во предност. Но, искуството е важно само до почетокот на мечот, тука Реал ќе биде поспокоен, Но, кога мечот ќе започне, искуството повеќе не е важно“, заклучи Германецот.

Зидан за мене е еден од најдобрите пет фудбалери во историјата на фудбалот, а сега може да ја освои својата трета титула во ЛШ како тренер. Тоа ќе биде нешто што никогаш не се случило и самото тоа говори колку е брилијантен. Беше брилијантен како играч и сега како тренер. Ако некој се сомнева во мене и во Зидан, во нашите тренерски квалитети, тогаш нека се запраша како сме стигнале до финалето“, го пофали Клоп својот ривал.