Home Спорт Класика во Мелбурн: Надал против Федерер во големото финале!

Класика во Мелбурн: Надал против Федерер во големото финале!

Се оствари тоа што љубителите на тенисот долго го чекаа – Рафаел Надал го елиминираше Григор Димитров во пет сета и се избори за финале против големиот ривал, Роџер Федерер.

Надал денес со доста мака го совлада Димитров во пет сетови6:3, 5:7, 7:6, 6:7, 6:4. Мечот траеше четири часа и 55 минути, а клучниот момент се случи во петиот сет кога Шпанецот направи брејк во деветиот гем за водство од 5:4.

Во одлучувачкиот гем Надал ја искористи третата меч топка и се избори за епско финале против најголемиот ривал Роџер Федерер.

Во меѓусебните дуели Надал води против Федерер 23:11, а во недела ќе видиме дали Шпанецот ќе стигне до својот 15-ти Грен слем или Швајцарецот до рекордниот 18-ти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…