Home Шоубизнис Кит Харингтон: „Доста ми е од Game of Thrones“

Кит Харингтон: „Доста ми е од Game of Thrones“

Додека најпосветените и останатите обожаватели на мегапопуларната серија Game of Thrones се под тажен емотивен набој поради финалната сезона која пристигнува оваа година во април, актерот Кит Харингтон признава дека и тој, и целата филмска екипа од серијата, крајот на овој сериски хит го дочекале исклучително уморни и ненаспани.

„Изгледа оваа серија како да е дизајнирана  да ве натера на размислување“, вели актерот кој го глуми ликот на Џон Сноу за GQ Australia.

„Последната сезона од серијата е направена за да не скрши нас. Сите беа скршени на крајот. Не знам дали плачевме затоа што е крај или затоа што бевме преморени. Сите бевме ненаспани“, открива Харингтон.

Тој открива дека веќе му е доста од сето тоа.

„Го сакам сето ова. Game of Thrones е најдобрата работа во мојот живот која веројатно некогаш ќе ми недостига, но завршив со тоа и доста ми е од неа“, вели Харингтон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мануел Ото, авторот на „Стик ран“, почина на 30 години по пренос во живо на Твич

Мануел Ото, креаторот на популарната видеоигра „Stick Run“, почина од самоубиство на 30-го…