Кинезите веќе мислат на бизнис: Концепт за стилски дизајнирана заштита од коронавирус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кинескиот архитект Сун Дајонг дизајнираше концепт за кој тврди дека може да биде ефикасна заштита за луѓето од коронавирусот и да го спречи ширењето на оваа заразна епидемија.

Неговата идеја е штит во форма на меур што „луѓето би го носеле кога би биле изложени на опасни ситуации за време на епидемија на коронавирус“, напиша Фокс њуз.

Дејонг вели дека оваа обвивка, која има крилја слични на крилјата на лилјак, би била направена од карбонски влакна и дизајнирана да се носи како ранец.

„Мрежата на површината на уредот може да се загрее доволно за да се стерилизира околината околу оној што го носи, убивајќи го вирусот наместо да се шири“, се вели во описот на производот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by penda china (@penda_china) on

Овој уред ќе се свитка и расклопува и може да се отвори автоматски.

„Коронавирусот ќе биде убиен на 56 Целзиусови степени. ПВЦ-филмот што се користи овде е сличен на оној на шофершајбната на автомобилот, а жиците што се загреваат се меѓу прозорците”, објаснува Дејонг.

Сепак, научниците сè уште не знаат дали високите температури можат да го убијат Ковид-19.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, коронавирусот се шири преку контакт помеѓу луѓето (на помалку од два метра оддалеченост) и преку капки кои летаат во воздухот при кивање или кашлање.

„Можно е лице да се зарази со допирање на површината на некој предмет што има вирус на него и со допирање на устата, носот и евентуално на очите, но ова не се смета за главен начин на ширење на вирусот“, велат од Центарот. Експертите во моментов ја придаваат важноста на миење раце со вода и сапун и да се одржува растојание.

Дејонг сега се надева дека ќе најде спонзори кои ќе помогнат неговиот концепт на заштитни меур да се реализира.

„Сепак, треба да се завршат многу работи со инженерите пред да започне производството“, вели Дејонг.